ОВЕН
Овни, обрнете внимание на деталите во преговорите, бидејќи постои веројатност дека ќе бидете измамени. Зрачите со добра волја и емотивна нота, а вашиот партнер има чувство за убавото и корисното. Прекрасно се надополнувате. Важно е да ги усогласите вашите мисли и чувства.

БИК
Нема потреба да се експонирате во друштвото на соработници, мудро чекајте ја завршната фаза во деловните преговори. Чувствувате нов емотивен наплив. Активирајте ја вашата имагинација и вештини за заведување кога сте во друштво на саканата личност.

БЛИЗНАЦИ
Нема потреба да ги обвинувате другите за вашиот деловен неуспех, немојте да бидете неправедни кон личноста чии намери не ги знаете доволно. Имате чувство дека вашиот партнер крие нешто од вас. Избегнувајте премногу напорни или стресни ситуации кои дополнително ќе ве истрошат.

РАК
Ракови, правилните информации даваат поширока можност за добар избор и деловна афирмација. Вашите соработници имаат добри идеи. Можно е ненамерно да повредите нечии чувства, гласот на совеста ве потсетува на искрено извинување. Важно е да воспоставите хармоничен однос со партнерот.

ЛАВ
Мора да имате доволно храброст да ја прифатите одговорноста за она што сте го направиле. Ситуацијата ќе се реши, нема причина за грижа. Користите премногу строги критериуми кога судите за нечие однесување. Неправедно ја критикувате саканата личност. Сочувајте ја вашата самодоверба и смиреност.

ДЕВИЦА
Ќе имате можност да ја завршите работата, што ќе ви донесе психичко олеснување, но не и материјална корист. Бидете доследни во вашите намери. Испланирајте средба со саканата личност. Некој ќе ви поттикне добро расположение и емотивно изразување.

ВАГА
Ваги, некој ќе се обиде да ве натера да имате поинакво мислење, но вие имате свои цели и не отстапувате од плановите што сте ги започнале. Партнерот ќе знае како да ве расположи со своите идеи. Некои ситуации ќе бидат повод за заедничка среќа и задоволство.

СКОРПИЈА
Ќе се соочите со различни проблеми во комуникацијата или во односот со деловните партнери. Обидете се да ги решите работите на дипломатски начин. Важно е да се разбере нечија емоционална „слабост“ или недостаток на морална храброст. Избегнувајте конфликтни ситуации со блиска личност.

СТРЕЛЕЦ
Вашето однесување ќе укажува на нескромност или прекумерно нагласување на личните способности, што ќе ја наруши деловната соработка. Во емотивна смисла, на саканата личност ќе ѝ делувате малку провокативно. Контролирајте ги вашите страсти. Забавете го брзото темпо на живеење.

ЈАРЕЦ
Јарци, ќе ве навреди нечие однесување во деловната соработка. Важно е работите да завршат на добар начин. Понекогаш треба да го исклучите разумот, некои работи не може логички да ги објасните. Не ги потиснувајте вашите искрени чувства и не ги задржувајте емоционалните желби.

ВОДОЛИЈА
Денеска ќе станете свесни дека некој ви ја загрозува деловната ситуација со умисла. Не дозволувајте никој да ве оптоварува со никакви дополнителни или мачни обврски. Искоритете ги скриените адути во врска со саканата личност. Ќе ги остварите љубовните намери на еден поинаков начин.

РИБИ
Вашиот начин на размислување позитивно ќе ѝ влијае на околината. Искористете го овој ден за да создадете што е можно повеќе. Обидете се да го израдувате семејството со некој мал, но симболичен гест. Важно е да разберете и да одговорите на нечии емоционални потреби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.