ОВЕН
Овни, денеска ќе имате одлична можност за деловни можности. Внимателно слушајте ги колегите и мисловно „запишувајте“ ги нивните совети. Денеска е совршен ден да му се посветите на партнерот и да му покажете колку ви е драг. Смислете некоја романтична забава за двајца.

БИК
Денеска, можеби, ќе доживеете одредено напредување на работа, но нема да бидете задоволни. Вие знаете колку вредите и нема да дозволите некој да ве потценува. Од друга страна, пак, на љубовно поле ќе се чувствувате многу исполнето. Ќе бидете многу расположени во друштво на саканата личност.

БЛИЗНАЦИ
Очекувајте позитивни промени во деловната средина. Сѐ она на што сте се надевале, деновиве ќе стане вистина. Но, внимавајте што посакувате. Доколку сте сингл и постои некоја личност која ви се допаѓа, денеска ќе имате одлична можност да се зближите со неа.

РАК
Ракови, не очекувајте големи промени во комуникацијата со колегите. Оние луѓе кои биле некоректни со вас уште од самиот почеток, ќе останат такви и во иднина. Научете да живеете со тој факт и не бидете наивни. Но, вие сте личност која зрачи со детска и весела енергија, па токму затоа вашиот партнер го обожава секој момент со вас.

ЛАВ
Лавови, вашата самодоверба е оправдана. Барем кога станува збор за деловното работење. Ако во последните шест месеци работевте напорно, сега е време да се опуштите и да уживате во „плодовите“ од вредната работа. Но, на љубовно поле сте многу себични. Особено кон луѓето од вашето минато – извинете им се.

ДЕВИЦА
Денеска ќе постои можност за нови деловни познанства, кои ќе ве однесат на едно ново и поубаво кариерно патување. Но, на вас останува колку ќе го искористите тоа. За да ја донесете правилната одлука, ќе ви биде потребна поддршката од саканата личност. Разговарајте со вашиот партнаер за сѐ што ве мачи.

ВАГА
Ќе слушнете одлични вести од некој ваш драг колега. Нивната среќа ќе биде ваш поттик за поквалитетно работење. Соништата стануваат реалност кога силно верувате во себе. Кога станува збор за љубовта, време е да ѝ кажете збогум на тагата. Пред вас е едно ново познанство кое ќе прерасне во една преслатка љубовна приказна.

СКОРПИЈА
Колку и да им кажувате на другите дека сте среќни, вие не сте задоволни со моменталната ситуација на работа. Најдете начин како да се изборите за подобра позиција на работното место. Денеска ќе ви биде потребна поддршка од саканата личност. Шетајте повеќе и внимавајте на исхраната.

СТРЕЛЕЦ
Стрелци, ви претстои исклучително поволен период за напредување. Доколку размислувате за учење нови вештини, не се двоумете во својата способност да научите нешто ново. Денеска ќе сфатите дека вашиот партнер не е „цвеќе за мирисање“ и дека неговите токсични црти ќе бидат проблем на долги стази. Спасете се додека не е доцна.

ЈАРЕЦ
Денеска ќе бидете наградени за вашата работа. Уживајте во својот успех и заблагодарете им се на прекрасните колеги за сега поддршка во целиот процес. На љубовен план, вие пловите во мирни води. Имате одличен партнер покрај себе, кој ви е голема поддршка во животот. Најдете начин да му возвратите на ист начин.

ВОДОЛИЈА
Игнорирајте ги коментарите на одредени колеги и фокусирајте се на работата. Не секоја забелешка е добронамерна и не секој коментар треба да се вреднува. Денеска ќе се чувствувате многу добро во друштво на саканата личност. Доколку сте се чувствувале конфузно во последно време, споделете ѝ го тоа.

РИБИ
Риби, време е да ја искористите вашата креативност и да напредувате во кариерата. Доколку сте заглавени на некое работно место, кое не ве исполнува, време е да си дадете отказ и да одите понатаму. Но, за да го направите тој чекор, ќе ви треба силна поддршка од саканата личност и од пријателите. За среќа, ќе ја добиете.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.