ОВЕН
Љубов:
Забележувате дека вашата сакана личност нема емоционална храброст или искреност да ги изрази своите намери. Размислете за вашите маани.
Работа:
Некој се обидува да ви го наметне своето решение или одредени услови. Нема причина да се вклучите во јавна дебата.
Здравје:
Ќе ви годи некоја спортска активност или релаксација.
БИК
Љубов:
Саканата личност знае да ве остави убедени, како се да е во најдобар ред. Но, вие очекувате нов проблем.
Работа:
На деловната сцена се си има свој „животен век“, а вие упорно инсистирате на работи кои одамна се надминати.
Здравје:
Ќе ви годи психофизичка релаксација и опуштање.
БЛИЗНАЦИ
Љубов:
Партнерот делува нестрпливо да чека да ги исполните ветувањата, но имате добра љубовна стратегија од која не се откажувате лесно.
Работа:
Имате големи амбиции, но вашиот успех е релативен и подложен на промени. Ви недостига добра концентрација.
Здравје:
Важно е рационално да ги користите енергијата и времето.
РАК
Љубов:
Ви пречи сознанието дека на вашиот партнер повремено му недостасува инспирација, храброст или искреност. Направете нешто во врска со тоа.
Работа:
Одбивате да прифатите нечија услуга која ве обврзува на партнерство под одредени услови.
Здравје:
Ќе ви годи неколкучасовен здрав сон, внимавајте на соништата.
ЛАВ
Љубов:
Подобро е да ги насочите мислите кон саканата личност, отколку премногу да се занесувате гледајќи различни луѓе од страна.
Работа:
Поаѓате од погрешни информации. Треба да имате повеќе храброст и самодоверба за да поставите нови правила во однос на соработниците.
Здравје:
Обрнете внимание на поздрав и поуреден начин на живот.
ДЕВИЦА
Љубов:
Недоразбирањата со партнерот ги илустрираат разликите во мислењата, но секогаш постои начин да се усогласат желбите и можностите.
Работа:
Вашата аналитичка природа, исто така, станува важна предност за вашите соработници. Имате добра моќ на набљудување и способни сте да ги процените критериумите кои влијаат на конечниот исход.
Здравје:
Почестете се со подобра грижа на секој начин.
Терезија
Љубов:
„Помрачниот дел од реалноста“ не влијае само на вас, туку и на вашето семејство или најблиските. Бидете повнимателни во љубовниот дијалог.
Работа:
Намерно избегнувате средба со личност која има негативен став за вашите професионални способности и го критикува вашиот стил на изразување.
Здравје:
Одржувајте добра концентрација.
СКОРПИЈА
Љубов:
Не давајте ветувања што не можете да ги исполните. Насмевката и емотивните желби не значат многу, доколку се нема цврста намера.
Работа:
Се обидувате да ги исправите деловните грешки, нема причина премногу да зборувате за вашите планови. Важни се резултатите, а не коментарите.
Здравје:
Ќе уживате во излегување, прошетка или престој во природа.
СТРЕЛЕЦ
Љубов:
Во средбата со саканата личност ги преувеличувате потребите и пречувствително реагирате на разни „ситници“.
Работа:
Важно е да се одделат заедничките интереси од личните амбиции. Одложете ги стресните ситуации кои ве исцрпуваат.
Здравје:
Ќе ви годи неколкучасовен здрав сон, внимавајте на соништата.
ЈАРЕЦ
Љубов:
Сакате повеќе интересни настани во љубовниот живот. Запознавањето со една личност може да ви го подобри расположението.
Работа:
Потрудете се правилно да ги разликувате вашите обврски од интересите кои ве врзуваат за одредени соработници. Не треба да толерирате нечие самоволие.
Здравје:
Во вечерните часови ќе уживате во излегување или прошетка.
ВОДОЛИЈА
Љубов:
Нема причина за лажна скромност во друштво на саканата личност. Покажете дека знаете да блеснете во полн сјај и занес во вистинско време.
Работа:
Се наоѓате во одлична можност да влијаете на деловен договор или да ги удвоите вашите резултати. Треба да преземете иницијатива.
Здравје:
Почестете се со некоја омилена забава во вашето избрано друштво, акумулирајте позитивна енергија.
РИБИ
Љубов:
Во средбата со саканата личност поставувате услови кои одговараат со негативен тон. Сакате повеќе отколку што можете.
Работа:
Фокусирајте го вашето внимание на приоритетните прашања, а останатото препуштете им го на блиските соработници. Секогаш има искусни соработници кои нудат корисни решенија.
Здравје:
Изгледате вознемирено и загрижено, опуштете се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.