ОВЕН
Деловната околина позитивно ќе реагира на вашите идеи и некој ќе ве поттикне да заземете активна улога во работењето. Понекогаш во љубовната врска посакувате повеќе отколку што е можно, но нема причина да се жалите на вашата сакана. Прифатете го она што го добивате.
БИК
Некој ќе се обиде да ви го наметне своето решение во деловното работење. Нема причина да се вклучувате во јавна дебата. Забележувате дека вашата сакана личност нема емоционална храброст или искреност да ги изрази своите намери. Размислете за вашите маани.
БЛИЗНАЦИ
Со неколку добри потези ќе можете да направите повеќе од вашите соработници. Дефинитивно, ќе успеете да ги постигнете вашите намери. Некој ве возбудува и ви го привлекува вниманието повеќе отколку што сте подготвени да признаете. Ќе делувате мистериозно.
РАК
Средбата со една личност нема да ги исполни вашите високи очекувања, па размислете за алтернативно решение во деловното работење. Во емотивниот живот нема да успеете да привлечете нечие внимание, дури ни со помош на мали трикови кои лукаво ги смислувате.
ЛАВ
Не дозволувајте некој да ве обврзува на соработка што не ги задоволува вашите критериуми и очекувања. Во емотивна смисла, ќе ви пречи сознанието дека на саканата личност ѝ недостасува инспирација, храброст или искреност. Потребна ви е некоја физичка активност.
ДЕВИЦА
Денеска ќе имате можност да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, направете сè што е во ваша моќ за да оставите добар впечаток. Ќе ви биде јасно дека не можете да добиете сè што ќе посакате, но сепак не знаете како да уживате во она што го имате.
ВАГА
Ќе добиете погрешни информации, па вашите прогнози за деловните случувања ќе ви бидат збунувачки. Прифатете ја добронамерната критика од колегите. Партнерот ќе се обиде да ви помогне или да ве расположи. Љубовната средба ќе стане вашиот најубав дел од денот. Уживајте.
СКОРПИЈА
Направете сè што е потребно за да ја оправдате вашата улога во деловната соработка, покажете поголемо чувство за одговорност во работењето. Саканата личност индиректно ќе се обиде да влијае на една ваша одлука, но нема причина да се сомневате во неговите искрени намери.
СТРЕЛЕЦ
Ќе ве привлекуваат големи предизвици или можност да ги тестирате своите способности под необични услови. Не сакате да пропуштите ненадејна можност за емотивно поврзување. Одговорете на нечии „сигнали“ или љубовна порака. Во одлична психофизичка форма сте.
ЈАРЕЦ
Бидете мудри, важно е да го вклопите вашиот успех во воспоставените стандарди. Нема потреба да го привлекувате вниманието во периодот што следи. Ќе бидете расположени за нови емотивни предизвици и забава, а партнерот со голем ентузијазам ќе ги прифати вашите идеи.
ВОДОЛИЈА
Во последно време, вие ги оценувате работите врз основа на нивната практична примена или нивната употреблива вредност. Денеска тргнете го на страна разумот и следете го вашиот „внатрешен глас“ и ритамот на вашите чувства. Нема да се покаете, напротив, ќе бидете многу среќни.
РИБИ
Денеска ќе се грижите да се однесувате како перфекционист кој држи сè под строга контрола. Но, не дозволувајте да прегорите – здравјето е најважно. Ќе ви биде потребен момент на инспирација, со цел да предизвикате лавина од нечии чувства и да почувствувате интимна среќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.