ОВЕН
Денеска треба да бидете внимателни и да ги сведете деловните ризици на минимум. Време е за искрен и отворен разговор со саканата личност – сега е совршениот момент да си кажете сѐ. На крајот од денот, одвојте време за себе и обидете се да се ослободите од непотребните грижи.
БИК
Ако некој е оптимист на работното место, тоа сте вие. Бидете самоуверени, истрајни и успехот ќе биде неизбежен. Во односот со партнерот, треба да бидете повнимателни со изборот на зборови кои ги изговарате пред партнерот. Сѐ може да се пренесе на посуптилен начин.
БЛИЗНАЦИ
Нема причина за лажна скромност пред колегите, поставете услови кои одговараат на вашите интереси и потреби. Денес ќе почувствувате потреба за посилна поддршка, но и мотивација од страна на партнерот. Апсолутно, вие го заслужувате тоа. Близнаци, вие ќе бидете во одлична физичка форма.
РАК
Ако вашата интуиција ви вели дека нешто не е во ред во врска со деловните односи, не се сомневајте во вашата способност да ги насетите нештата кои се погрешни. За жал, многу од Раковите ќе бидат во лошо расположение поради свои причини, но нивните партнери нема да ги разберат нивните изговори.
ЛАВ
Лавови, мора да признаете дека малку претерувате во вашата амбиција да оставите совршен впечаток кај вашите соработници. Обидете се да ја канализирате нервозата на друго место, а не во комуникацијата со вашата сакана личност. Таа е најмалку виновна за вашите проблеми.
ДЕВИЦА
Девици, вие секогаш имате аналитичен пристап на работните обврски. Тоа е вашата најголема предност и искористете ја денес. Вие ќе зрачите со позитивна енергија, а и вашиот партнер ќе има интересни идеи за романтична средба. После сѐ, време да уживате во љубовните мигови.
ВАГА
Ваги, вие сте во одличен период за кариерен напредок. Речиси и да немате конкуренција на работното место – најдобри сте во сѐ што ќе замислите. Ќе бидете изненадени дека чувствата, конечно, ќе ви бидат возвратени. Се чини дека нечии симпатии ќе преминат во некои посериозни чувства.
СКОРПИЈА
Денес треба да бидете многу внимателни во комуникацијата со колегите. За жал, секој има свое гледиште и ги брани своите деловни интереси. Ќе бидете малку напнати, а нечие арогантно однесување ќе ви пречи. Не сакате, но и не треба, да ги намалите вашите критериуми.
СТРЕЛЕЦ
Опуштете се, наскоро вашиот труд ќе вроди со плод. Сѐ што треба да направите е да си ја гледате вашата работа. Иако денес ќе имате впечаток дека вашиот партнер не е совршен за многу работи, сепак тој е вашата најголема поддршка и време е да му се заблагодарите за тоа.
ЈАРЕЦ
Кога станува збор за деловното работење, сѐ е во ваши раце. Единствено треба да процените кога е совршен момент да ги спроведете вашите идеи. Ако се чувствувате несигурно во врска со себе, размислете зошто е тоа така. Не треба да го обвинувате вашиот партнер за вашата несигурност.
ВОДОЛИЈА
Не треба да бидете многу блиски со вашите колеги, особено не деновиве. Ѕвездите велат дека ќе ве очекува многу непријатно изненадување. Ќе забележите дека вашиот партнер вешто ги игнорира вашите предлози. За жал, нема да можете да влијаете на неговата волја.
РИБИ
Не избрзувајте со одлуки, барем не на работното место. Време е да направите одредени промени во вашето деловно работење. Но, нека биде смирено. Нема да имате доверба во партнерот, но нема да имате доволно докази за вашето сомничаво однесување. Избегнувајте дискусии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.