ОВЕН
Љубов:
Треба да ги исфилтрирате чувствата и мислите, да побарате нечие разбирање за грешките што сте ги направиле.
Работа:
Им давате предност на работните места кои не носат практична корист. Големата упорност понекогаш носи низа компликации во деловните контакти.
Здравје:
Избегнувајте конфликтни ситуации и емоционално ривалство.
БИК
Љубов:
Партнерот има необични идеи и одбива да ги слуша вашите приговори. Очекувате брз или лесен пресврт на настаните.
Работа:
Треба да се дистанцирате од разни непријатности, понекогаш треба да создавате во креативна тишина и далеку од љубопитните очи.
Здравје:
Внимавајте на поздрав начин на исхрана, избегнувајте „лоши навики“.
БЛИЗНАЦИ
Љубов:
Добрата волја „прави чуда“, доволно е да видите насмевка на задоволство на лицето на саканата личност и да почувствувате нова креативна инспирација.
Работа:
Секогаш постои решение. Обрнете внимание на новите информации, важно е да ги комбинирате вашите интереси со проверени соработници.
Здравје:
Избегнувајте различни ситуации кои ве вознемируваат.
РАК
Љубов:
На средба со блиска личност, криењето на вистината само го одложува решавањето на проблемот. Постапувајте според вашата совест.
Работа:
Некој го критикува вашиот начин на работа или однесување. Потрудете се да ја завршите работата што сте ја започнале во предвидениот рок.
Здравје:
Слободното време посветете го на рекреација, опуштете се.
ЛАВ
Љубов:
Бидете нежни и имагинативни во друштво на саканата личност. Ако сте слободни, одговорете на нечиј повик.
Работа:
Проблемите полесно се решаваат со нечие присуство или договор. Искористете го туѓиот корисен совет.
Здравје:
Важно е правилно да ја насочите вашата енергија.
ДЕВИЦА
Љубов:
Имате убаво чувство, на партнерот му делувате неодоливо и знаете да заблескате во полн сјај пред личноста која ви се допаѓа.
Работа:
Некој во вас поттикнува креативна енергија и мотивација за работата што ја работите. Треба да ги усогласите заедничките интереси.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
ВАГА
Љубов:
Со многу шарм, не успевате да привлечете нечие внимание и наклонетост. Важно ви е да бидете во нечие друштво, почекајте поповолен момент.
Работа:
Останува да размислите за некое алтернативно решение, за да го надоместите пропуштеното време и шанса.
Здравје:
Ќе ви годи повеќе часови здрав сон, обрнете внимание на соништата.
СКОРПИЈА
Љубов:
Контролирајте ги вашите емотивни реакции пред личност која има различни афинитети или интереси.
Работа:
Вашиот оптимизам и подготвеност да се соочите со различни проблеми позитивно влијае на околината.
Здравје:
Социјалната афирмација и прифаќање ќе ви годат.
СТРЕЛЕЦ
Љубов:
Не дозволувајте сомнежот кон вашата сакана личност или лошото расположение да преовладува во вас. Потребна ви е позитивна ориентација.
Работа:
Се наоѓате во необична деловна ситуација. Многу од прашањата што ги имате засега остануваат незадоволително одговорени.
Здравје:
Нема потреба да се оптоварувате со напорни обврски.
ЈАРЕЦ
Љубов:
Важно ви е да привлечете нечие внимание, се што треба да направите е да ги искористите вашите заводливи манири и да смислите оригинална изведба.
Работа:
Ако се грижите да се разликувате од другите, бидете доволно ефикасни и убедливи пред колегите.
Здравје:
Обидете се да го разубавите вашето расположение.
ВОДОЛИЈА
Љубов:
Можете да ги постигнете своите намери на кружен начин, но ви недостига волја да се ангажирате пред блиска личност.
Работа:
Понекогаш одредени деловни цели го оправдуваат користењето на одредено средство, но сè има своја цена или граница.
Здравје:
Искористете ја вашата интелигенција или некои скриени адути, контролирајте ја напнатоста.
РИБИ
Љубов:
Без разлика на грешката што сте ја направиле, избегнувајте ја опцијата за самоказнување или изолација.
Работа:
Не можете да направите ништо корисно ако ги игнорирате деловните проблеми. Линијата на најмал отпор не води во насока на позитивни решенија.
Здравје:
Слободното време посветете го на психофизичка релаксација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.