ОВЕН
Ѕвездите денеска ви предвидуваат големо изненадување. Доколку ова е поврзано со работа, ќе дојде до промена која на почетокот ќе ве исплаши. Размислете внимателно за тоа што сакате. Доколку изненадувањето е поврзано со љубовна ситуација, ќе бидете подготвени веднаш да донесете важна одлука.

БИК
Ве очекува голем деловен успех! Токму кога мислевте дека вашата напорна работа не се забележува, сето тоа се исплатело. Ќе се гордеете со себе, но и другите ќе се гордеат со вас. Очекувајте многу повици и честитки. Можни се искри со личност од спротивниот пол, дали сте подготвени за нова љубов?

БЛИЗНАЦИ
Ѕвездите ви носат напнатост поради многуте обврски. Нерасположени сте бидејќи немате туѓа помош, а тешко ви е се да правите сами. Направете приоритети и добра организација. Крајот на денот носи подобро расположение, голема заслуга за тоа има партнерот. Возвратете му со иста мера.

РАК
Се советува да не се расфрлате со пари денеска. Ќе ве изненадат непредвидени трошоци, малку повисоки. Доколку планирате да започнете со реновирање на вашиот дом, внимателно проверете ги сите детали кога купувате се што ви треба. Воодушевени сте од промената во однесувањето на партнерот, врската се подобрува.

ЛАВ
Се советува да не избрзувате со деловните задачи. Кратенките можат да бидат меч со две острици, затоа внимавајте таквото снаоѓање да не ви направи повеќе штета отколку корист. Ве интересира личност од деловното опкружување, послушете ги советите на постар член од семејството.

ДЕВИЦА
Одговорноста е во фокусот на овој ден. Тоа е единствената ставка која денеска може да ви донесе успех. Обидете се да направите се што сте зацртале денес, ќе бидете исполнети со задоволство. Љубовната ситуација полека но сигурно добива на значење. Ако напорно сте се труделе околу некоја личност, се чини дека сте успеале.

ВАГА
Се наоѓате меѓу два огна. Оставете го времето да го покаже своето, послушајте ја својата интуиција. Работа и обврски има повеќе од кога било, а тоа ќе ви ја подобри финансиската состојба. Не заборавајте на вашите потреби. Не мислете само на работата, дозволете си мали задоволства кои ќе ви го разубават денот.

СКОРПИЈА
Работа, ред, дисциплина! Денешниот ден е резервиран за деловни ангажмани, ќе имате одлични резултати. Сакате да се искачите на скалата повисоко, нека вашите задачи зборуваат повеќе од вас. Не сте сигурни што сакате во љубовта, но со текот на времето ќе дознаете. Денес имате друг приоритет.

СТРЕЛЕЦ
Не можете да ги балансирате деловниот и приватниот живот, затоа послушате совет од постара машка личност. Се сомневате дека пријателот ве излажал за тема која ви е исклучително важна, подгответе се за посериозен конфликт кој ќе влијае на вашиот понатамошен однос. Се советува повеќе спиење.

ЈАРЕЦ
Ве вознемирува контактот што сте го повратиле со некој од минатото. Слушајте ја својата интуиција и не започнувајте приватен бизнис со таа личност. Можно е да се соочите со некоја измама која целосно ќе ве вознемири и ќе ви го наруши мирот. Една личност има изненадување за вас!

ВОДОЛИЈА
Сè ви оди од рака! Работата ја вршите со леснотија, а љубовната ситуација никогаш не била подобра! Партнерот сака да преминете на повисоко ниво, многу Водолии ќе се одлучат за заеднички живот. Не ги откривајте вашите цели на сите. Спијте повеќе и избегнувајте прејадување.

РИБИ
Денеска конечно ќе решавате проблем поврзан со имот, куќа или стан. Роднините не се особено среќни поради тоа, но останете фокусирани на себе. Близок пријател се обидува да проба нешто повеќе со вас, а ниту вие нема да бидете рамнодушни кон него.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.