ОВЕН
Овни, деловната ситуација, колку и да е досадна, е стабилна. Долго време се боревте да се докажете, но сега ќе почнете да размислувате да свртите нов лист. Ќе поувствувате нов прилив на енергија, што ќе ве однесе на нова љубовна средба. Ќе ве двоуми нова љубовна понуда, а старата љубов ќе ве искушува.

БИК
Денеска не се грижете однапред за работите, бидејќи може да дојдете до погрешен заклучок. Дискусиите нема да ви помогнат, само бидете трпеливи. Грижите оставете ги за некој друг ден. Вашиот партнер ќе очекува повеќе внимание. Слободните Бикови денеска ќе бидат подготвени за акција.

БЛИЗНАЦИ
Подготвени сте да се соочите со нови предизвици. Некои стари познаници ќе се обидат да дојдат до вас. Сакате конечно да ја видите вистинската состојба на сите претходни напори. Вашиот партнер ви е верен, но губи малку трпение. Денес не се консултирајте со Вагите за совет, особено не за љубов.

РАК
Ракови, денеска не е претерано поволен ден ако се занимавате со приватен бизнис, можно е да имате некои непредвидени компликации. Ќе бидете вознемирени и ќе имате чувство дека некои работи околу вашиот партнер не се во ред. Не се потпирајте на претпоставки, разговарајте.

ЛАВ
Дарежливи сте и затоа не треба да се сомневате непотребно. Денеска обидете се да уживате во слободното време и да се одморите. Слободните Лавови ќе чувствуваат уште поголема потреба за заедништво, но ќе мора да поработат уште малку на конкретниот план. Оние кои се во врска ќе уживаат во топлината на нивниот дом.

ДЕВИЦА
Кога гледате неправда во вашето окружување, се нервирате и едноставно не можете да премолчите. Честопати се наоѓате во ваква ситуација, но не секогаш можете да помогнете. Старата љубов ќе се обиде да стапи во контакт со вас, но мотивите нема да бидат од љубовен карактер. Добро проценете дали сакате таков тип на контакт.

ВАГА
Ваги, деловно поле ви следат нови промени, но вие само слушајте ги вашите инстинкти. Не очекувајте поддршка од сите луѓе околу вас. Тврдоглави сте и премногу аналитични. Опуштете се затоа што немате причина да се грижите за фактите што не можете да ги промените.

СКОРПИЈА
Ќе го дадете најдоброто од себе на работа, но нема да можете да престанете да се нервирате. Секој збор ви изгледа премногу голем. Не очекувајте нечија благодарност за вашата работа. Партнерот ќе ве гледа со восхит. Слободните Скорпии ќе бидат подготвени да се покажат во најдобро светло и да ја освојат љубовта на личноста што им се допаѓа долго време.

СТРЕЛЕЦ
Можно е конечно да најдете решение за некоја ваша дилема за која си мислевте дека е предоцна. Конечно работите си доаѓаат на свое место. Постепено сфаќате дека постои голема сличност помеѓу вас и вашата сакана личност во секој поглед, ќе се чувствувате одлично кога сте заедно.

ЈАРЕЦ
Јарци, ќе имате многу планови за денес. Ќе бидете заинтересирани за некои понуди, но треба да почекате уште некое време. Бидете трпеливи и ќе бидете богато наградени. Ќе ве привлекува нечија енергија, но не ве привлекува она што го нуди овој човек. Ќе бидете подготвени за предизвик, но според вашите правила.

ВОДОЛИЈА
Денеска не треба да донесувате никакви одлуки. Почекајте. Иако ќе бидете полни со енергија, се чини дека некој ќе ве блокира без престан. Ќе решите сами да ја барате среќата. Слободните Водолии ќе освојуваат, а оние кои се во врска ќе бидат многу внимателни и креативни.

РИБИ
Ќе бидете загрижени за работата, затоа треба да се консултирате со некого. Соберете информации и направете нов план. Слободните Риби денеска ќе бидат особено шармантни, така што ќе освојат повеќе луѓе одеднаш. Обидете се да не кажувате премногу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.