ОВЕН
Денеска внимателно проценете ги вашите инвестиции, бидејќи постои можност да не ја гледате вистинската слика, а тоа подоцна може да ве чини многу пари. Односот со саканата личност влегува во фаза на стабилизација. За вас започнува хармоничен период.

БИК
Поволните аспекти ќе придонесат да бидете задоволни од вашите перформанси во текот на овој ден. Ве очекува поволен финансиски период. Постојано ќе размислувате за личноста што неодамна сте ја запознале, наскоро очекувајте романтична средба.

БЛИЗНАЦИ
Близнаци, ве очекува дилема и деловна пресвртница. Почекајте времето да ги покаже резултатите, па донесете одлука. Овој ден носи ситни расправии помеѓу вас и саканата личност. Поминувате низ криза на самодоверба, која ќе ја решите само со разговор.

РАК
Денеска е поволен ден за средба со влијателни луѓе, бидејќи тие ќе ви помогнат да направите значаен чекор напред во кариерата. Ќе бидете малку разочарани од саканата личност, како постојано да се оддалечувате. Потребно е да имате отворен и искрен разговор.

ЛАВ
Овој период е успешен за оние кои се занимаваат со трговија, како и за оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Слободните Лавови денеска ќе имаат романтична средба со личност која долго време им се допаѓа. За вас сега започнува новото љубовно поглавје.

ДЕВИЦА
Главна тема на овој ден може да ви биде средбата со претпоставените, а во таа прилика ќе добиете награди и признанија за постигнатите резултати. Ќе бидете во дилема дали да се помирите со поранешната љубов. Не сте спремни за компромиси.

ВАГА
Ваги, фокусирајте се прво да ја завршите работата што сте ја започнале, па дури потоа да започнете нова. Ќе постигнете одлични резултати. Искажете ги вашите чувства кон саканата личност, како многу работи да се недовршени. Обидете се да го решите недоразбирањето на свој начин.

СКОРПИЈА
Важно е да се поставите на вистински начин кон личностите кои градат односи со вас на работното место. Внимавајте во комуникацијата со колегите. Ќе бидете расположени за романтични работи. Живејте во сегашниот момент и посветете ѝ внимание на саканата личност.

СТРЕЛЕЦ
Денеска ќе имате можност да обезбедите постојан прилив на пари, доколку ги направите вистинските деловни потези. Бидете подготвени за гинансиска добивка. Во вас се води борба помеѓу вашите внатрешни морални принципи и чувството што го имате кон некоја личност.

ЈАРЕЦ
Разговорот со претпоставените ќе се одвива во конструктивна атмосфера, па наскоро ќе се очекувајте поодговорна позиција. Односот со саканата личност се заснова на стабилни темели, па најдобро е сега да работите на заеднички проект, за да постигнете заеднички успех.

ВОДОЛИЈА
Водолии, вашите ставови и идеи ќе ја олеснуват вашата работа, така што сè ќе оди без прекин. Очекувајте почеток на нова соработка. Во љубовта ќе ја почуствувате храмонијата. Слободните Водолии ќе имаат убава авантура со личност која ќе ја запознаат на патување.

РИБИ
Денеска имате можност да стекнете одлични деловни соработници кои долгорочно ќе ја одредат насоката на вашата работа. Комуникацијата со саканата личност ќе биде важна. Обидете се да ги изразите своите чувства и потреби. Слободните Риби ќе се запознаат со многу интересна личност, која може да се претвори во стабилна врска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.