ОВЕН
Љубов:
Вашиот изглед или стил има предизвикувачки ефект врз саканата личност, што е добар љубовен предзнак. Ќе уживате во нечие блиско друштво.
Работа:
Доколку ви недостасуваат сигурни информации за деловните можности, не давајте несериозни ветувања, туку побарајте нечие посредување.
Здравје:
Важно е правилно да ја канализирате вашата креативна енергија.

БИК
Љубов:
Во емотивниот живот не успевате да привлечете нечие внимание, дури ни со помош на мали трикови кои лукаво ги смислувате.
Работа:
Средбата со една личност не ги исполнила вашите високи очекувања, па размислете за алтернативно решение.
Здравје:
Избегнувајте ситуации кои ве вознемируваат.

БЛИЗНАЦИ
Љубов:
Бидете упорни пред партнерот, не ги потиснувајте вашите емотивни желби и потреби.
Работа:
Вашите зборови не се доволна гаранција да оставите позитивен впечаток кај личноста која одлучува за деловните интереси.
Здравје:
Нема причина да се оптоварувате со непотребни сомнежи.

РАК
Љубов:
Недоразбирањата кои ве следат во љубовниот живот не се безначајни, но не се тема која треба упорно да се повторува.
Работа:
Претерувате со различните барања што им ги поставувате на вашите соработници. Ве очекуваат негативни коментари и нечие незадоволство.
Здравје:
Изгледате напнато, психолошката релаксација ќе ви годи.

ЛАВ
Љубов:
Нема потреба да ги преувеличувате вашите желби и интереси при средбата со саканата личност. Партнерот не реагира на вашата приказна.
Работа:
Негрижата или мислите дека сте пред другите е класичен пример за прекумерна љубов кон себе.
Здравје:
Избегнувајте конфликти и стресни ситуации.

ДЕВИЦА
Љубов:
Вашата гордост излегува на површина, што е лош знак при средба со саканата личност. Контролирајте ја вашата суета.
Работа:
Важно е да го п

ВАГА
Љубов:
Не ја ускратувајте можноста на вашето семејство или партнер да се забавуваат. Покажете повеќе слух за нечии емотивни интереси.
Работа:
Ви се нудат нови идеи за деловна соработка. Ја доведувате во прашање меѓусебната доверба и вашите професионални способности.
Здравје:
Поттикнете ведар дух во себе, како поттик за добро расположение.

СКОРПИЈА
Љубов:
Изненадете ја вашата сакана личност на некој необичен начин, доколку имате доволно фантазија можно е се да промените во позитивна насока.
Работа:
Некој ги предизвикува вашите идеи или влијанието што го имате во деловните кругови. Со неколку добри потези можете да ги решите вашите проблеми.
Здравје:
Важно е да се задржи позитивен став.

СТРЕЛЕЦ
Љубов:
Во емотивна смисла, на саканата личност делувате малку провокативно. Контролирајте ги вашите страсти.
Работа:
Вашето однесување укажува на нескромност или прекумерно нагласување на личните способности, што ја нарушува деловната соработка.
Здравје:
Забавете го брзото темпо.

ЈАРЕЦ
Љубов:
Вашиот партнер има различни идеи, почекајте додека не ги сфати своите грешки. Не можете некому да го наметнете своето мислење и волја.
Работа:
Делувате амбициозно, но и нескромно во вашите изјави. Треба да почитувате нечие мислење кога одлучувате за деловни и финансиски интереси.
Здравје:
Обрнете внимание на омиленото хоби, опуштете се.

ВОДОЛИЈА
Љубов:
Поттикнете ја вашата емоционална инспирација и чувството за добар вкус. Препуштете се на вашите чувства и страсти.
Работа:
Имате добро чувство за деловно расудување. Важно е правилно да ги нагласите вашите професионални способности и да дејствувате со добра волја.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.

РИБИ
Љубов:
Авантурата може да ве доведе во непријатна ситуација. Подобро е да се одлучите за добро познатото друштво.
Работа:
Личното достоинство или големата гордост не дозволуваат да се расправате со една личност.
Здравје:
Ќе уживате во рекреација или хоби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.