ОВЕН
Љубов:
Обидете се да разберете нечија слабост. Нема потреба да се „казнува“ саканата личност.
Работа:
Ве очекуваат разни проблеми во комуникацијата со деловните партнери и дополнителни обврски.
Здравје:
Избегнувајте конфликтни ситуации и бидете повнимателни во сообраќајот.
БИК
Љубов:
Бидете умерени во барањата кон саканата личност. Ќе уживате во средбата со блиски пријатели и нечие внимание.
Работа:
Нечија приказна има спротивен ефект врз вас. Нема потреба да се расплинувате во различни правци и да се оптоварувате со амбициозни цели.
Здравје:
Обрнете внимание на правилната исхрана.
БЛИЗНАЦИ
Љубов:
Со сета почит кон разумот, треба да го следите и вашиот „внатрешен глас“ или ритамот на вашите чувства.
Работа:
Вие ги оценувате работите врз основа на нивната практична примена или употребна вредност.
Здравје:
Направете нешто што ќе ви помогне да се чувствувате подобро.
Рак
Љубов:
Премногу внимание обрнувате на некои споредни настани кои дополнително ве оддалечуваат од вашата сакана личност.
Работа:
Изберете ги зборовите што ги користите повнимателно кога се среќавате со колегите. Дипломатската нота станува неизбежна, особено кога за неа постои добар деловен интерес.
Здравје:
Потребна ви е подобра психолошка рамнотежа, опуштете се.
ЛАВ
Љубов:
Планирајте состанок со блиски пријатели и некоја омилена забава. Важно е да ја почувствувате емоционалната топлина во нечие друштво.
Работа:
Ве очекуваат ненадејни компликации од деловно-финансиска природа, но тоа не би требало значително да влијае на вашата концентрација.
Здравје:
Нема причина за прекумерна загриженост.
ДЕВИЦА
Љубов:
Сокривајќи ја вистината оставате лош впечаток на саканата личност. Важно е да ја увидите вашата грешка.
Работа:
Имате впечаток дека страдате од лоши влијанија и не сакате да прифатите различни правила кои го ограничуваат вашето изразување.
Здравје:
Избегнувајте ситуациски конфликти, задржете ја присебноста.
ВАГА
Љубов:
Доколку ви е тешко да ги контролирате емоциите и реакцијата пред блиска личност, избегнувајте провокативни ситуации.
Работа:
Се обидувате да ја одложите деловната ситуација која бара добро расудување и дополнителна концентрација. Важно е да имате убедливи аргументи.
Здравје:
Ќе ви годи психолошка релаксација или опуштање.
СКОРПИЈА
Љубов:
Не дозволувајте блиска личност да се чувствува запоставено, изразете ја позитивната страна на вашата личност. Користете ги вашите скриени средства.
Работа:
Положбата на Месечината има предизвикувачки ефект врз вашата ментална состојба. Без разлика на деловните несогласувања, не ви пречат различните коментари.
Здравје:
Ќе уживате во одмор и психофизичка релаксација.
СТРЕЛЕЦ
Љубов:
Изгледате вознемирено, но за разлика од вас, вашиот партнер точно знае што сака или што чувствува. Затоа, не дозволува менување на заедничките планови.
Работа:
На пропуштената шанса не треба да се гледа како на голема загуба, туку како на добар поттик за идните деловни и финансиски планови.
Здравје:
Планирајте ја вашата омилена забава како поттик за вашето добро расположение.
ЈАРЕЦ
Љубов:
Изгледате задоволни и расположени за излегување и нова средба. Саканата личност прави се што е потребно за да ги исполни сите ваши очекувања.
Работа:
Важно е да се постигнат позитивни резултати, но не по цена да се прекине деловната соработка. Искористете го туѓиот корисен совет.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови во здрав сон, обрнете внимание на вашите соништа.
ВОДОЛИЈА
Љубов:
При средба со саканата личност нема потреба од мистификација, на овој начин секој станува „жртва“ на сопствените заблуди.
Работа:
Оставете им на колегите да ги докажат своите способности во ситуации кои ве заморуваат. Важно е добро да се организирате.
Здравје:
Поминете ги вечерните часови помирно, ќе ви годи релаксација.
РИБИ
Љубов:
Понекогаш треба да го исклучите разумот, има работи кои не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“.
Работа:
Ве погодува нечие некоректно однесување или неправда во деловната соработка. Сепак, важно е работите да завршат на добар начин.
Здравје:
Не ги задржувајте вашите чувства или желби, опуштете се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.