ОВЕН
Овни, денешниот ден не е добар ден за работа, па доколку можете, најдобро би било да го искористите за одмор. Веќе некое време не можете да ги усогласите со чувствата со реалноста. Можно е секоја ситница да ве исфрли од рамнотежа. Ако долго време сте незадоволни од вашиот партнер, размислете за промена.
БИК
Пред вас се бројни работни обврски, но верувајте дека сѐ ќе се исплати. На крајот од денот ќе уживате во пофалбите за сработеното. Пред вас е успешен ден на речиси сите полиња. Сепак, време е за искрен и длабок разговор со вашиот партнер. Не играјте пантомима, туку отворено разговарајте за сѐ. Прошетајте заедно вечерва.
БЛИЗНАЦИ
Денеска ќе имате чувство дека ви недостасуваат пари, па затоа многумина од Близнаците ќе побараат пари на заем. Во оваа ситуација, вие ќе дознаете кои се вашите верни пријатели. Размислете на кој начин ќе им се оддолжите. Вечерните часови ќе бидат многу поволни за интимни моменти.
РАК
За жал, денес нема да слушнете добри вести. Можеби ќе се случат некои компликации или ќе исправате туѓи грешки. Ќе биде најдобро ако избегате од секојдневието, некаде надвор од градот. Оваа идеја многу ќе му се допадне на вашиот партнер. Па, спакувајте ги куферите и уживајте во една мала авантура, исполнета со многу прегратки и бакнежи.
ЛАВ
Денешниот ден ќе ви биде исклучително среќен. Каде и да ќе се појавите, вие ќе блескате со вашата харизматична појава. Сепак, длабоко во себе, вам ќе ви недостасува една личност од минатото. Ставете го инаетот настрана и исконтактирајте ја. Не ја бојкотирајте својата среќа поради его и гордост – дозволете си да бидете сакани.
ДЕВИЦА
Вредни Девици, вие ќе бидете многу задоволни од деловниот успех, па затоа е време да си се почастите со нешто што одамна го посакувате. Уживајте во овие празнични мигови и подарете си нешто на самите себе. Денеска ќе зрачите со позитивна енергија, а тоа ќе го примети и вашиот партнер. Пица, филм и силна прегратка е рецепт за совршен крај на денот.
ВАГА
Ваги, иако ги завршувате сите обврски навреме, некој ќе ви даде дополнителни задачи во последен момент. Смирено разговарајте со вашиот претпоставен и објаснете му дека си имате свои временски граници кои мора да се почитуваат. Фрустрацијата од работа ќе ја донесете и дома, а тоа ќе се одрази врз односот со партнерот. Внимавајте.
СКОРПИЈА
Денеска ќе имате многу работа. Можно е сосема неочекувано да се појави нова деловна понуда која нема да сакате да ја пропуштите. Кога станува збор за љубовта, стоите цврсто на земја и не сте толку заинтересирани за авантури во моментов. Оние Скорпии кои се сами ќе уживаат во времето поминато со самите себе.
СТРЕЛЕЦ
Иако овој месец е ваш и голем дел од Стрелците го прославуваат роденденот токму во декември, вие ќе имате чувство дека ништо не се случува. Обидете се да ја разбиете апатијата со празнични филмови или со посета на некој божиќен базар. Во текот на попладневните часови, затворете се во кујната и згответе некој интересен оброк.
ЈАРЕЦ
Јарци, денеска ќе добиете пари од неколку места, дури и од таму каде што не очекувате. На крајот на краиштата, нема поголема среќа за еден Јарец од полн паричник. Кога станува збор за љубовта, вие сте многу омекнати и ќе бидете расположени за големи планови со вашиот партнер. Можеби ќе испланирате заедничко патување во периодот што следи.
ВОДОЛИЈА
Денешниот ден ќе биде поволен за многу работи. Иако нема да има важни пресврти, сепак ќе имате неколку успешни состаноци на работи. Личноста со којашто се состанувате, а сте на почеток од врската, полека ќе почне да го очекува вашето целосно внимание. Не се плашете и препуштете се на искрените чувства – љубовта лечи сѐ.
РИБИ
Ќе имате голема среќа на работното место и сѐ што ќе замислите – ќе го остварите. Вие сте многу креативни, па искористете го тоа за да ги завршите проектите на најдобар начин. Вашиот партнер ќе ви се налути бидејќи нема да го исполните ветувањето кое веќе некое време му го давате. Извинете се и водете се по фразата: „Дела, а не зборови“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.