ОВЕН
Љубов:
Под емоционален притисок сте, мора да почитувате нечија волја или барања. Однесувањето на партнерот ве нервира.
Работа:
Долготрајната дискусија ја илустрира вашата несигурност или неспособност да ја надминете моменталната ситуација. Важно е да научите добра лекција.
Здравје:
Избегнувајте конфликтни ситуации.

БИК
Љубов:
Нема потреба да бидете премногу строги или каприциозни кон саканата личност, покажете повеќе нежност и разбирање во секој поглед.
Работа:
Важно е правилно да се разбирате со колегите или јасно да ги дефинирате заедничките правила во деловната соработка.
Здравје:
Избегнувајте нездрава исхрана или прекумерно консумирање цигари и алкохол.

БЛИЗНАЦИ
Љубов:
Ја излажавте саканата личност и барате ново оправдување за вашите постапки. Одговорот е во прилагодувањето.
Работа:
Ако се грижите за подобрување на односите со деловните партнери, прифатете нечиј совет и променете ја вашата моментална стратегија.
Здравје:
Треба да ја подобрите концентрацијата и расположението.

РАК
Љубов:
Треба да ги „помирите“ мислите и чувствата, но и да го зачувате личното достоинство пред личност која добро ве познава.
Работа:
Вознемирени сте поради новите деловни настани и делувате збунето. Нема причина да ризикувате.
Здравје:
Ќе ви годи некоја спортска активност или во природа.

ЛАВ
Љубов:
Контролирајте ги негативните страсти во емотивната врска и не дозволувајте некој да ве наведе на погрешно однесување.
Работа:
Важно е да ги поставите вашите идеи на вистинското место, за сите околу вас да бидат среќни и задоволни. Поттикнете го вашето креативно расположение.
Здравје:
Ќе ви годи престој во природа или некоја спортска активност.

ДЕВИЦА
Љубов:
Изгледате носталгично и премногу размислувате за нечие отсуство. Чувствувате жалење за некои пријатни или далечни спомени.
Работа:
Еден од соработниците ја тактизира и елаборира деловната стратегија, а вие останувате да се занимавате со практичните аспекти и да преземете иницијатива.
Здравје:
Избегнувајте неумереност и бидете повнимателни во сообраќајот.

ВАГА
Љубов:
Планирајте романтична забава за двајца. Ве очекува „мистериозен код“ кој позитивно влијае на вашето расположение и мотивација.
Работа:
Конфликтот во решавањето на деловните интереси создава дополнителна тензија во односите со соработниците, бидете доволно внимателни и претпазливи.
Здравје:
Важно е правилно да ја канализирате вашата креативна енергија.

СКОРПИЈА
Љубов:
Зрачите со добра волја и емотивна нота, а вашиот партнер има чувство за убавото и корисното. Прекрасно се надополнувате.
Работа:
Обрнете внимание на различни детали во преговорите, бидејќи работите кои имаат важно значење често остануваат скриени меѓу редови.
Здравје:
Важно е да се усогласат мислите и чувствата.

СТРЕЛЕЦ
Љубов:
Вие сте во заблуда и субјективно го оценувате однесувањето на партнерот. Бидете реални во вашите очекувања.
Работа:
Треба да се организирате правилно за да постигнете успех на различни фронтови. Не дозволувајте некој да ве забави.
Здравје:
Важно е добро да ги исфилтрирате вашите мисли и чувства.

ЈАРЕЦ
Љубов:
Нема потреба да се плашите од вистината или да ги потиснувате своите желби во друштво на блиска личност.
Работа:
Сè има своја граница или цена, така што работната терапија има позитивни ефекти само под одредени услови.
Здравје:
Олеснете си ја совеста, ќе ви годи релаксација.

ВОДОЛИЈА
Љубов:
Кога се среќавате со некој близок, важно е точно да ги дефинирате вашите емотивни желби и опсегот на интереси што ги имате.
Работа:
Некој предизвикува сомнеж во вас. Сепак, преголемата дискреција од ваша страна остава негативен впечаток на околината.
Здравје:
Нечија блискост или наклонетост ќе ве задоволи, како позитивен поттик.

РИБИ
Љубов:
Партнерот добро ги препознава вашите намери, без разлика на позата или емотивната игра што ја играте. Не можете да ја скриете вистината.
Работа:
Некој се обидува да ве поттикне на поинаков начин на размислување или да ги прошири вашите когнитивни хоризонти во различни правци.
Здравје:
Обрнете внимание на поздрав начин на исхрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.