ОВЕН
Овни, ако денеска склопите некој договор, тој подоцна би можел да се менува. Делувате срамежливо пред претпоставените, бидете подиректни. Наскоро ќе можете да постигнете некои поголеми позиции. Партнерот ви е посветен и уживате во добриот однос со него. Љубовното поле ви е максимално исполнето.

БИК
Размислувате за тоа да ставите точка на одредена деловна соработка која не ви се покажала како доволно корисна. Сметате дека вашиот партнер е тврдоглав и не ви е лесно да излезете на крај со него. Во последно време, често влегувате во расправии. Никој од вас не сака да попушти, дури и кога станува збор за ситница.

БЛИЗНАЦИ
Уживате во вниманието на љубовно поле и задоволни сте од врската со партнерот. На работа, време е да ја преземете контролата во свои раце и да продолжите понатаму. Наскоро можете да постигнете некои поголеми позиции. Реагирате импулсивно и склони сте кон чести расправии со саканата личност.

РАК
Ракови, одлично се снаоѓате на новата работа и создавате позитивна атмосфера во комуникацијата со претпоставените. Пријатно сте изненадени и задоволни од деловните околности. Можете да очекувате успешен ден. На емотивно поле, нема знаци за големи промени кај вас. Денеска избегнувајте конфликти со саканата личност.

ЛАВ
Колку и да ви одговараат некои информации денес и ќе ви дадат голема надеж дека навреме ќе завршите една работа или обврска, ќе бидете загрижени за сѐ што е поврзано со финансискиот сегмент. Поради тоа, треба да ги избегнувате грижите и да се фокусирате на саканата личност. Врската ви е во криза.

ДЕВИЦА
Од една страна, колку повеќе успевате да ги завршите сите свои обврски и да постигнете интересни комуникации со потенцијални деловни соработници, толку повеќе ви пречи што не можете ниту од место да го поместите она што ви е најважно. Оставете за некој друг ден, ќе имате можности.

ВАГА
Ваги, не сте добро организирани, а идеите што ги имате никако не можете да ги спроведете во дело. Побарајте помош од близок соработник. На многу лесен начин можете да остварите комуникација со личност што ви се допаѓа веќе извесно време. Не ја пропуштајте можноста за разговор.

СКОРПИЈА
Oчекуваjте дека ќе можете да ја решите деловната ситуацијата што ве мачи. Подготвени сте да им помогнете на другите во вашето деловно окружување. Не му верувате на партнерот и вашата врска полека, но сигурно влегува во посериозна криза. Односот со партнерот ќе биде нестабилен и променлив во наредниот период.

СТРЕЛЕЦ
Мора добро да се организирате, можете да направите и прераспределба на работите, за да можете да стасате да ги исполните сите обврски. Ќе бидете нервозни, но можно е тоа да ви биде изговор и оправдување за да не одработите некои стари работи. Денеска ќе имате добра комуникација со спротивниот пол.

ЈАРЕЦ
Можно е во текот на денешниот ден да бидете загрижени за нешта поврзани со работата и нема да ви биде лесно да ги решите проблемите. Очекувајте шанса да се вработите на друго работно место. Повлечени сте во себе и не можете да го остварите сето она што го сакате во комуникацијата со саканата личност.

ВОДОЛИЈА
Пред вас е период во кој ќе бидете задоволни со работните околности. На емотивно поле, флертувате со повеќе луѓе и уживате во вниманието што го добивате. Мора да бидете поотворени и појасни ако сакате да промените одредени околности. Не потпирајте се на нечие ветување.

РИБИ
Бидете свесни дека ако се обидете да обрнете внимание на повеќе страни и да одработите повеќе задачи одеднаш, најверојатно ќе излезе дека нема да завршите ништо, а ќе бидете ужасно изнервирани. Побрзајте да пристигнете навреме таму каде што треба за да ја остварите средбата со партнерот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.