ОВЕН
Љубов:
Во емотивна смисла ве очекува ново задоволство кое ќе го одбележи вашиот однос со саканата личност.
Работа:
Секогаш постои полесен и потежок пат до успехот, затоа прифатете корисна идеја предложена од вашите колеги.
Здравје:
Вие сте во одлична форма.

БИК
Љубов:
Партнерот одеднаш донесува нова одлука која не сака да ја објасни. Бидете доволно трпеливи, се ќе си дојде на свое место.
Работа:
Премногу ги форсирате вашите лични цели, па вашите соработници реагираат на различни начини. Важно е да одржувате добри односи со соработниците.
Здравје:
Обидете се да ја подобрите вашата концентрација и кондиција.

БЛИЗНАЦИ
Љубов:
Партнерот ви изгледа сомнително и тоа се одразува на вашето лошо расположение. Не сакате да се карате за ситници кои непотребно ве раздвојуваат.
Работа:
Ве очекуваат разни обврски, треба добро да се организирате при средбата со колегите. Побарајте нечија поддршка на време.
Здравје:
Избегнувајте напорни ситуации кои психолошки ве вознемируваат.

РАК
Љубов:
Планирајте омилена забава или емотивен состанок, ќе уживате во веселото друштво и нечие внимание.
Работа:
Ваше е да ја започнете иницијативата во вистинска насока, а на некој друг е да ги реализира вашите идеи.
Здравје:
Почестете се со некои „убави ситници“ како поттик за добро расположение.

ЛАВ
Љубов:
Ви недостига нечие присуство или емоционална стимулација. Премногу сте преокупирани со разни теми кои ве оддалечуваат од саканата личност.
Работа:
Важно е добро да се организирате и да го почитувате деловниот договор во предвидениот рок.
Здравје:
Треба да постигнете психолошка рамнотежа.

ДЕВИЦА
Љубов:
Кога се среќавате со некој близок, важно е точно да ги дефинирате вашите емотивни желби и опсегот на интереси што ги имате.
Работа:
Некој предизвикува сомнеж во вас. Сепак, преголемата дискреција од ваша страна остава негативен впечаток на околината.
Здравје:
Ќе ви годи нечија блискост или наклонетост, како позитивен поттик.

ВАГА
Љубов:
Кога се среќавате со саканата личност, искористете го „испробаниот рецепт“ за емотивно зближување. Добрата волја прави чуда.
Работа:
Понекогаш сè станува релативно. Избегнувајте ја варијантата „се или ништо“ и различните предизвици кои можат да ви наштетат.
Здравје:
Забавете го брзото темпо, опуштете се.

СКОРПИЈА
Љубов:
Има личност која предизвикува силни емоции кај вас, насочете ги мислите кон заеднички теми. Уживајте со блиска личност.
Работа:
Нема потреба да избрзувате со заклучоци врз основа на првиот впечаток, почекајте го вистинскиот момент. Имате доволно искуство за да се заштитите од лоши влијанија.
Здравје:
Радоста на срцето е исцелувачка во секој поглед.

СТРЕЛЕЦ
Љубов:
Избегнувајте нова семејна или емотивна расправија. Најдобро се чувствувате со личност која ги разбира вашите емоционални потреби.
Работа:
Се обидувате да дојдете до нови и корисни решенија, но вашата околина нема доволно слух или волја да ви се придружи.
Здравје:
Обрнете внимание на соодветна здравствена заштита.

ЈАРЕЦ
Љубов:
Важно е да реагирате во вистински момент пред вашата сакана личност. Доколку сте слободни, планирајте емотивен состанок или некоја атрактивна забава.
Работа:
Понекогаш работите изгледаат премногу комплицирани. Но, ако не се обидете, ќе зажалите. Вашата околина изгледа стимулативна и добронамерна.
Здравје:
Вие сте во одлична форма.

ВОДОЛИЈА
Љубов:
Во емотивниот живот не успевате да привлечете нечие внимание, дури ни со помош на мали трикови кои лукаво ги смислувате.
Работа:
Средбата со една личност не ги исполнила вашите високи очекувања, па размислете за алтернативно решение.
Здравје:
Избегнувајте ситуации кои ве вознемируваат.

РИБИ
Љубов:
Полесно ви е да го набљудувате светот околу вас од розова перспектива во очекување дека работите во вашиот живот ќе се решат сами по себе.
Работа:
Деловната клима не ви се допаѓа, но сето тоа се сведува на правилна перцепција и добра реакција. Усогласете ги вашите желби и можности.
Здравје:
Добро се чувствувате кога правите нешто корисно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.