Сезоната на владеењето на Лавот трае од 23 јули до 22 август, но помеѓу тие два датуми посебен е денот 8 август. Тоа е осмиот ден од осмиот месец и го означува отворањето на Лавовската порта, активиран од страна на Сириус. Сириус се смета за наше духовно Сонце, а древните астролози го сметале изгревањето на Сириус како повторно раѓање на нашата духовна енергија и духовната енергија на планетата.

Еве што ќе доживееме во овој период:

Срце: Порталот Лавовска порта ја активира срцевата чакра. Старите, па дури и сегашните рани на срцето можат да се излечат. Можеби конечно ќе се чувствуваме ослободени од каква било тага и ќе бидеме подготвени да свртиме ново поглавје во животот.

Отворање на третото око: Ќе имаме можност да научиме нешто ново за начинот на кој ни зборува нашата интуиција. Нашата интуиција веројатно ќе биде силна и ако ова е нешто со кое сакаме повеќе да работиме, порталот е одлично време за почеток. За време на отворањето на Лавовската порта свеста се проширува.

Посети: Старите верувале дека Сириус е владетел на небото и ангелите. Голема е можноста дека ќе добиеме пораки, соништа, знаци и посети од нашите починати сакани и од нашите духовни водичи.

Слобода: Една од најсилните вибрации преку која се манифестира Сириус е енергијата на слободата. Идејата е дека нашето земно Сонце го осветлува овој физички свет кој е илузија. Но, Сириус ја осветлува нашата душа, а кога ќе сфатиме тоа, добиваме чувство на слобода.

Креативност: Ни претстои многу креативно време и совршена можност да пробаме нов креативен проект или да преземеме акција за креативен проект што сме сакале да го започнеме.

Со високата вибрациона енергија на Сириус, поголема е веројатноста да добиеме различни сознанија. Тие можат да дојдат преку нашите соништа, визии, духовни водичи и ангели или едноставно слушање на нашата интуиција додека сме во состојба на релаксација.

Медитацијата и пишувањето се одлични начини да се отвориме кон оваа енергија и да добиеме насоки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.