Поради нивниот карактер, астролозите наведуваат дека овие четири знака одбираат партнери од потполно погрешни причини, најчесто од страв од осаменост и од потреба за малку внимание.
ОВЕН
Родените во овој знак сакаат да бидат на врвот, и на професионален и на приватен план. Можат да бидат во врска со некого само за да бидат популарни или да покажат дека успеале да дојдат до таков плен. Па така, можат да „паднат“ на некого исклучиво поради неговата популарност, а не поради карактерот.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците имаат потреба да бидат опкружени со луѓе. Не им се допаѓа идејата да бидат сами. Така, во борба против својата осаменост, можат да се впуштат во љубовна врска. Се вљубуваат речиси во секој со којшто ќе излезат, само за да не се чувствуваат осамени.
РАК
Со оглед на тоа што Раковите се чувствителни, лесно можат да „паднат“ на некој што ќе им покаже и најмало внимание и љубов. Многу се врзуваат и на крајот им се крши срцето кога ќе дознаат дека другиот само си играл со нивните чувства.
СТРЕЛЕЦ
Тие сакаат некој што ќе им даде слобода. Сакат некој што нема да ги гуши. Тие секогаш паѓаат на оние што се недопирливи и кои воопшто не покажуваат интерес за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.