Астролозите се согласни дека следниве четири знаци на Зодијакот постојано бараат внимание и не разбираат дека светот не се врти околу нив.

Лав
Сигурно не ве изненадува тоа што Лавовите се на врвот на оваа листа. Секогаш сакаат внимание, без разлика што прават сите очи мора да се вперени во нив. Не им е грижа дали тоа внимание е добро или лошо, сè додека е внимание.

Ќе направат сè за да привлечат луѓе и секогаш бидат во центарот на вниманието.

Овен
Овните сакаат кога другите ги ценат и ги фалат нивните постигнувања. Тие се многу амбициозни и одлучни да бидат најдобри, па сакаат кога луѓето тоа го забележуваат и разгласуваат на сите страни.

Близнаци
Многу се друштвени и сакаат некој постојано да е со нив. Мразат да бидат сами или да прават работи кои минуваат незабележано. Ги сакаат луѓето безусловно и не сакаат да бидат сами ни во добро, ни во лошо.

Скорпија
Мислат дека се над останатите и веруваат дека веднаш ќе привлечат луѓе. сакаат да ги заинтересираат луѓето за нивната личност, која е таинствена. Затоа не можат да поднесат некој да ги игнорира или третира како да се просечни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.