Како да замериш на една Власт што триумфализира за одговорот од Стразбур, која тоне, паѓа, чиј рејтинг е мизерен. Нив им треба било што, коментира Јанко Илковски во својата нова видео колумна Слушај ваму, која ја прави во соработка со Република.

Тој и нуди навладата да и работи бесплатен ПР доколку наброи 10 од оние 80 градинки за кои актуелниот премиер Димитар Ковачевски се пофали дека ги изградил. Нешто слично на оние 1 300 километри патишта…

Иванов како претседател има дискреционо право да помилува. Иванов тогаш почувствува дека сме на раб на војна, на раб на распад на општеството и за да го пресече тој гордиев јазол, како Александар Македонски пресече со ножот. Некои викаат претседател не требало да амнсестира. Извинете, а со Заев што беше?! Ладен со лепеза?! И тој беше аболициран од претседателот. И можеше да се продолжи, можеше да добиеме една политичка борба, но немаше да добиеме вака мизерија. СЈО, таа перверзна установа… Нема валидност на СЈО, добија инструкции што треба да правите, како треба да правите… Заев кажа мене ме спремаат од надвор. И му верувам. НЕ излажа, тоа е точно. Тој е даден со инструкции. Кој го спремал? Сигурно не Трамп или обама. Отворено, затворено општество… Камо да беше некоја голема политичка агенда – коментира Јанко.

Дава објаснување на одлуката од Стразбур:
Судот не ја отфрли аболицијата на Иванов. Дошол тимот, повелете што сакате, вака и вака, дај документи. Дечки документите не ви се комплети. Значи воопшто не е разгледувања аболицијата на Иванов. Власта нема со што да триумфализира, нема со што да се пофали. Прават се за да ги задржат оние малку гласачи што ги имаат. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе победи. Оваа влада се согласи дури и да биде малцинска, само да остане ден повеќе, да се докраде, да се спремаат гепеците низ кои ќе се бега. Еден ден ќе помине жалбата за судените, осудените и процесираните, ќе дојде до Стразбур, ќе завршат процесите, Стразбур ќе го разгледа прво дали аболицијата важи. Ќе добиеме позитивна пресуда од Стразбур и нема да се спроведи. Ќе лежат по затвори… Но ќе дојде денот кога ќе дојде големата политичка промена, ќе се смени власта. Нема да биде истата гарнитура во амбасади, нема да биде истата владејачка гарнитура…

Промената ќе стигне, кога тогаш, не губете надеж

 

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.