Мрднав малку од државата и впечатокот ми е дека на народот му е доста од сѐ, и од домашна и од меѓународна политика. Овој народ сака да ужива. Ситуацијата кај нас секогаш зависела од политиката… Ние сме материјални и духовни битија и затоа нам ни е важно и тоа како ќе ни биде општата перцепција, а општата перцепција, во оваа земја, после многу години е многу подобра. Дали е добра? Не! Тешко на оние што се на власт сега Дојдоа во руина. И сега им викааат еве земјава е бомбардирана, опрајте ја! Како ќе оправаш човече?! Што ќе оправаш?! – запрашува Јанко Илковски во најновото издание на неговата колумна Слушај Ваму што ја прави во соработка со Репулика.
Понатаму вели оваа власт дојде и најде разрушена земја! И сега што да прави? Сите викаме освета, казна! Да, ама по закон. Не како што они казнуваа да испратат пораки и да се изживуваат, за да измислуваат со фингирани процеси. Туку реален криминал, кај реален криминал процедурата е бавна и тешка, а ние сакаме правда. Ве донесовме на власт, сакаме правда, сакаме економија, сакаме да го изградите ова! За да биде изградено правилно треба време! Претходните владееа на начин со ПР… Така им се избегнуваа сите криминалии, станаа арогантни да прават што сакаат. Овие не прават така! Вели ја дава поддршката на оваа власт зашто работат по закон.
Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.