Начинот на којшто народот инстинктивно реагира, тоа е најдобриот начин да се победи власта, ја почнува новинарот Јанко Илковски видеоколумната посветена на жената и женските права.

Илковски зборува и за величината на жената, за жената како капија меѓу два света, како спасител.

Главната тема на која се задржува Илковски во „Слушај ваму“ е протестот на организациите за заштита на правата на жените, поточно на транспарентот „Црквата да одјебе“.

Тој смета дека овој транспарент е одраз на сјајот и бедата на Шарената револуција и е дело на платениците на Сорос.

Тие скотови кои се изродија во тоа време и се почувстуваа дека се моралот, етиката и прогресот на тоа општество, бидејќи веќе немаа за што да се бунат, најдоа дека црквата им е крива, коментира Илковски.

Црквата е крива зошто не ги признава геј браковите, не дозволува абортуси итн., тука нема да навлегуваме, но црквата не ги донесе правилата против кои се буни младата дама. Хало, мадам, каде бевте, ти каде беше кога на родилката ѝ ги извадија органите?! Јас бев кој барав правдина за жената чии органи на породување се извадени и којзнае со нив што е направено. Кај беше ти да се буниш кога се донесуваа платите, кога се донесуваа уредбите колку ќе биде платена една жена во администрација колку маж. Е црквата ги донесе уредбите, црквата ги донесе законите колку жената треба да има породилно отсуство, не. Црквата е најмалку виновна за целово ова. Онтолошко промашување. Тоа е кога немаат ни фокус ни дефокус. Скандал, вели Илковски.

 

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.