Пред да им се заблагодарам на сите спортисти за нивниот подвиг, нивниот подвиг го прифаќаме и како свој. Како наши луѓе, ние се гордееме со нивниот подвиг. Тоа е мојот човек! – ја започнува Јанко Илковски неговата најнова видео-колумна Слушај ваму што ја прави во соработка со Република.
Зборувајќи како човек кој цврсто стои против промената на името на државата, вели животот нема да го помине прогонувајќи ги оние кои не мислат исто како него.
-Колку светски спортисти имаме ние, кои оставиле трага во светскиот спорт? Кире Лазаров, Перо Антиќ, Дарко Панчев, Горан Пандев. Нема поголема чест за мене такви луѓе да дојдат кај мене во емисија и да зборуваат за да ја раскажат нивната приказна. Перо Антиќ и Дарко Панчев беа во фокусот изминатиот период. Едниот зашто беше кај мене во емисија, другиот зашто некој му сними документарец. Панчев апсолутно си ги заслужува логориките и е еден од најуспешните фудбалери на Македонија на сите времиња. Се што му укажува почит, што е респект за него, е респект и кон мојата земја и кон мене. Го почитувам спортскиот супех на Панчев. Тоа што имал некаков политички став е апсолутно небитно. Кој сум јас да судам за нечиј став? Кој сте вие да го негирате успехот на Панчев?! Неговиот политички став ќе го изнегираш кога ќе успееш со правилна политичка борба да го смениш и да докажеш дека твојот став е успешен. Ќе си ја поддржиш опозицијата и ќе поддржиш долготрајна борба за враќање на името. Изгубивме што изгубивме и ние сме виновни. Не смее никогаш да се вртиме против нашите спортисти. Исто е и со Влатко Стефановски, без разлика што со ширено отворени раце го прифати и го користи името Cеверна Македонија. Не ми се допаѓа тоа, но не можам да ја негирам неговата музика…
Утре вели тој, ќе се памети музиката, спортистот, а не северџанството… Вели се обединеме во ставот дека за спортистите не треба да размисуваме дали се про вмро или просдсм, дали се северџани или не… Нека го прават спортистите тоа што го прават.
-Да си ги затнеме муцките и да ги оставиме нашите спортисти кои по 10 години треба да ги спомнуваме вака како што ги спомнуваме четирите легенди за кои зборуваме – завршува жилковски
Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.