Рафаел Надал во јуни ќе го прослави својот 36-ти роденден. Тој е далеку од врвната форма и физичката подготвеност која беше негова голема предност во текот на неговата кариера.
Неговата желба сепак да се натпреварува на високо ниво е огромна и тоа му создаде нови На Рафа му е дијагностицирана ретка болест Милер-Вајс.
Тоа е дегенеративно заболување кое ги напаѓа коските на стапалата, а познато е и како скафоиден остеохондрит. Станува збор за ретко заболување на дисплазија на скафоидната коска, односно деформитет на една од коските сместени во средниот дел на стапалото, што е од суштинско значење за подвижноста.
Шпанецот со помош на тимот и специјални мерки успеа да го забави прогресијата на болеста, но тие донесоа други проблеми. Поради големиот товар на Рафа настрадаа колената поради што често правеше пократки или подолги паузи во кариерата, а последните месеци болките во стапалото станаа неподносливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.