Украинските воздухопловни сили објавија дека Андриј Пилшчиков, воен пилот и поборник за купување американски борбени авиони Ф-16 за Украина, е меѓу тројцата загинати во судир на два авиони за време на тренинг лет западно од Киев.
„Гардијан“ наведува дека судирот се случил во петокот, и во него настрадал Пилшчиков со прекар „Џус“, објаснувајќи дека тој прекар му го дале инструкторите на пилоти од САД за време на обуката затоа што Пилшчиков не пиел алкохол.
Се известува дека и украинскиот претседател Володимир Зеленски се простил од „Џус“ во ноќно видео обраќање, наведувајќи дека Пилшчиков бил „еден од оние кои многу и помогнале на земјата“.
„Гардијан“ наведува дека украинските истражители покренале постапка за смртта на „Џус“ и другите двајца пилоти, а засега нема индиции за вмешаност на Русија во овој инцидент.
Се вели дека Пилшчиков течно зборувал англиски и бил еден од двајцата украински пилоти кои минатото лето го посетија Вашингтон за да се сретнат со членовите на американскиот Конгрес и да лобираат за испорака на Ф-16 во Украина.
Освен тоа, „Џус“ редовно се појавуваше во американските медиуми, каде при неговото вклучување дополнително се залагаше за набавка на овие борбени авиони.
Неговото долгогодишно лобирање конечно вроди со плод на почетокот на овој месец, кога Данска и Холандија, по одобрение од Вашингтон, објавија дека ќе испорачаат американски ловци во Киев, а Норвешка го стори истото.
Портпаролот на украинската воена авијација Јуриј Игнат изјави дека е уверен оти Украина на крајот ќе има 120 авиони Ф-16, од кои првиот најверојатно би требало да се појави на нејзиното небо на почетокот на следната година.
Меѓутоа, во тој авион нема да биде Пилшчиков.
Не можете ни да замислите колку сакаше да лета со Ф-16, изјавил рекол Игнат и додал дека „Џус“ редовно учествувал во борбени мисии и пресретнувал руски крстосувачки ракети и беспилотни летала.
Игнат објасни дека Пилшчиков се обидел да воведе реформи во украинските воздухопловни сили.
Тој секогаш се обидуваше да ги воведе стандардите на НАТО во Украина, како и западните традиции, вели Игнат.
„Гардијан“ наведува дека во саботата вечерта бил запален клавир на оддалечен автопат во Украина, со цел да се одбележи смртта на „Џус“ и неговите колеги.
„Њујорк пост“ пишува дека Пилшчиков бил припадник на единицата „Духот на Киев“, која го бранела централниот и северниот дел на земјата од почетокот на војната во Украина.
Се верува дека тие собориле дури шест руски борбени авиони на првиот ден од војната на 24 февруари минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.