Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Општина Теарце денеска го организираат настанот „Секој куршум има мета“ во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје (МЛО).
Настанот ќе се одржи во спортската сала на Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во село Теарце.
Како што најавуваат од УНДП, ќе се обратат градоначалникот на општина Теарце Нухи Незири, началникот на СВР Тетово Амир Далипи и заменичката на постојаниот претставник на УНДП Сања Бојаниќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.