Во рамки на активности во чест на д-р Трајче Нешковски, кој пред четири години го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа, денеска беше откриен мурал со неговиот лик во гостиварската населба „Малеарди“. Тридневните активности завршуваат денеска попладне со меморијалниот турнир во мал фудбал.
На пригодниот настан што го организираше Хуманитарното здружение д-р Трајче Нешковски беше прикажан и видеофилм, во кој негови другари и колеги зборуваа за делото на прерано починатиот лекар.
На овој настан му претходеа крводарителска акција и музичка вечер чиј приход е наменет за хуманитарни цели и имаше забава за најмладите на градскиот плоштад. И оваа година, како и претходните намерата е да овозможиме за секого по нешто, но и да ја продолжиме хуманата мисија на д-р. Трајче, кој беше и остана синоним за човечност и солидарност, рече Ема Нешковска, основач на здружението и сопруга на починатиот лекар. Со дел од средставта во населбата каде живееше Нешковски, ќе се уреди дестско катче со донирање на опрема.
Во поплапдневните часови треба да завршат и натпреварите на шест екипи во мал фудбал кои се одигруваат во гостиварската гимназија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.