Централната банка на Германија денеска извести дека во првата половина од годината повлекла од оптек најмногу фалсификувани банкноти во последните седум години. Во првите шест месеци од годинава се откриени 38.578 фалсификувани банкноти со номинална вредност од 2,4 милиони евра, за 29 отсто повеќе во однос на втората половина на 2023 година, објави Бундесбанката.
Бројот на фалсификати е најголем од 2017 година. Фалсификуваните банкноти „паѓаат во очи“, особено оние од 10 и 20 евра, објаснува членот на управниот одбор на Бундесбанк Буркхард Балц. Загубата поврзана со фалсификуваните банкноти се зголемила само малку, за пет отсто, откри Бундесбанк.
Најмногу фалсификувани банкноти се од 50 евра
Кај фалсификатите најзастапени се банкнотите од 50 евра, со учество од 37 отсто. По нив следуваат оние од 20 евра со учество од 30 отсто. Во првата половина од годинава фалсификуваните банкноти од 10 евра биле многу позастапени во однос на претходните шест месеци, но тие сочинуваат само седум отсто од фалсификатите.
Фалсификуваните банкноти од 200 и 500 евра значително се разредиле во однос на втората половина од минатата година и сочинуваат само десет отсто од фалсификатите. „Генерално, бројот на фалсификувани банкноти остана на ниско ниво“, нагласи претставникот на Бундесбанк, со девет фалсификувани банкноти на 10.000 жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.