Овој сицилијански рецепт кој комбинира риба и тестенини ќе му помогне и на вашето срце – освен што е исклучително вкусно, ова јадење е богато со омега-3 масни киселини.
Иако малкумина ќе одбијат сардини од скара во лето, сепак постојат голем број начини да се подготви оваа здрава и достапна риба. Сардините можат да ги подобрат дури и тестенините – уверете се сами следејќи ги упатствата на овој традиционален сицилијански рецепт.
Пријатно изненадете го семејството или гостите со шпагети со сардини и инчуни, а по оброкот почестете се со чаша квалитетно црвено вино или безалкохолен пијалок.
Состојки:
800 гр сардини
300 гр шпагети
5 инчуни во масло
1 лажица борови ореви
Грст шери домати
Грст див анасон
1 главица црвен кромид
1 чешне лук
сушено чили (многу малку)
Маслиново масло
Постапка:
Во тавче на средна топлина, пропржете ги кромидот, лукот и чилито во масло. Варете го анасонот 5 минути, а потоа исечете го; зачувајте ја водата за тестенините.
На пржениот кромид и лук додајте ги инчуните, потоа боровите ореви, анасонот и доматите. Додадете сардини, додадете 2 лажици вода, покријте и варете 5 минути; потоа искинете ја рибата со вилушка.
Сварете ги шпагетите во водата од анасонот. Во сосот додадете ги сварените шпагети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.