Селекторот на ракометната репрезентација Кирe Лазаров, го објави конечниот список на ракометари со кои вечерва нашата селекција ќе ги брка првите бодови во квалификациите за следното Европско првенство.

Во „Борис Трајковски“ ќе гостува селекцијата на Луксембург, а за оваа средба Лазаров се реши на трибини да ги остави Мартин Томовски, Костадин Петров, Марко Митев и Михајло Младеновиќ. Поради повреда надвор од стројот е и левото крило Дејан Манасков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.