Облачноста денеска ќе се намалува и до вечерните часови ќе стивнува и ветерот. Преку ноќта ќе биде претежно ведро понекаде со слаб променлив ветер, соопшти УХМР.
„Времето утре ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. UV=7
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Нестабилност со послаб интензитет ќе има претежно до четврток до средината на денот. Потоа ќе започне период на стабилно време. Најпрвин дневната температура преодно ќе опадне и најсвежо ќе биде во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер, а потоа температурата ќе биде во постепен пораст, стои во соопштението од УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.