Ни претстои сериозна криза во која што мора секој пратеник поединечно, и на власта и на опозицијата да се надмине себеси, за сето она што е во интерес на граѓаните да се најде решение и во Собранието да се изгласаат и реализираат сите оние работи коишто се предуслов да се преброди оваа криза, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „На прав пат“ на телевизија Алсат.
Талески нагласи дека во Собранието подолг временски период се случува класичната блокада што ја прави ВМРО-ДПМНЕ.
Ние изминатиот период бевме сведоци како се блокираат исклучително важни законски решенија за граѓаните, тоа се случуваше во време на корона кризата, тоа се случува сега со енергетската криза, нагласи Талески.
Пратеникот Талески го потенцираше лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржуваат законите кога тоа им одговара, како законот за поврзување на локални патишта, кој го блокираa 1,5 година, а го поддржа кога на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе градоначалнички места, лицемерието им се гледа кога се скараа за тендерот од 136 милиони евра и за провизиите.
Го блокираат законот за заемот од ЕБОР, наменет за да се подобри ликвидноста на ЕСМ, претседателот на комисијата за финансирање и буџет, кој е од ВМРО-ДПМНЕ не свикува седница за овој закон кој е со исклучиво со поволна каматна сматка, нагласи Талевски.
Тој истакна дека ова е момент во кој најмалку е потребна политика и политикантство, туку пратениците треба заедно да најдат начин да ги решат проблемите на граѓаните
Ги повикувам сите пратеници да го надминеме тесно партискиот интерес и да излеземе со конкретни предлози и мерки и да најдеме заедништво, затоа што во ваква ситуација нас најмалку ни требаат некакви блокади, порача пратеникот на СДСМ Миле Талески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.