Вработените во еко-паркот „Фелдман“ во близина на украинскиот град Харков ослободија елени, лосови, црвени волци и дел од птиците, кои можат да преживеат во природата. Ваквата одлука е донесена затоа што вработените во еко-паркот не можат да им обезбедат храна, објави „Би-Би-Си“.
Управникот на еко-паркот, Виталиј Илченко, вели дека дел од овој парк бил освоен од руските сили и дека тројца работници загинале.
Животните што се пуштени можат да преживеат, но лавовите и тигрите, што се останати во паркот може да умрат од глад – вели Илченко.
Истиот проблем го имаат и вработените во државната зоолошка градина во центарот на Харков.
На нашите мајмуни им треба овошје и зеленчук, на нашите предатори им треба месо – вели заменик-менаџерот на зоолошката градина Карина Детјук.
Како што вели таа, вработените прават се за да ги одржат животните во живот.
Нашите волци завиваат полошо од сирените за воздушниот напад, што ни е многу тешко да го слушаме – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.