Шефот на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински, соопшти дека Русија презема два чекора за деескалација на конфликтот против Украина.
Руското Министерство за одбрана одлучи драстично да ги намали воените активности во областите Киев и Чернигов. Средбата меѓу Путин и Зеленски е можна во исто време со парафирањето на договорот меѓу Русија и Украина на ниво на МНР.
Отидовме конструктивно. Добивме предлози од Украина да ја разгледаме нивната јасно искажана позиција за вклучување во договорот. Овие предлози ќе бидат разгледани во блиска иднина и доставени до претседателот. Поаѓаме од фактот дека релевантните клучни одлуки ќе бидат донесени во Киев и дека ќе треба да се создадат услови за понатамошна нормална работа – порача Медински.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.