Животот на граѓаните во Мариупол, полека се враќа во каква-таква нормалност.

На видео објавено на социјалните мрежи се гледаат обични луѓе, жители на Мариупол, како ги извршуваат секојдневните обврски, иако воените дејствија не се целосно завршени во градот и се уште има борби во индустрискиот комплекс „Азовстал“.

Недостигот на гориво ги принудува цивилите масовно да користат велосипеди.

Велосипедизмот деновиве во Мариупол стана еден од главните начини на транспорт. Жителите го користат не само за патување, туку и за носење огревно дрво и друга стока – се наведува во описот на видеото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.