Рускиот претседател Владимир Путин во Москва го прими чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Тие разговараа за меѓусебните односи и за состојбите на бојното поле. Кадиров на видеото не покажува знаци на здравствени проблеми, иако неодамна имаше шпекулации дека е во болница со опасни по живот состојби, што чеченскиот лидер го негираше.

Динамиката на развојот на Чеченија се движи во позитивна насока во голема мера благодарение на вас и вашиот тим. Вашите луѓе работат посветено. Дел од сето тоа е резултат на блиската соработка со руската влада. Имаме цела серија сериозни програми и задачи, изјави рускиот претседател.

Пред да почнеме да зборуваме за Чеченската република, би сакал да ви покажам што правевме на територијата на специјалната воена операција од почетокот до денес. Дури би се пофалил со хуманитарната страна на сè и со извештаите од бојно поле. Вашиот тим има добри резултати. Секој ден земаат заробеници и уништуваат воени возила – рече Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.