На 12 локации во источна Украина продолжуваат тешки борби, соопштија во Киев украинските воени лидери.

Украинскиот Генералштаб во својот редовен рапорт наведе дека „ситуацијата е најлоша во областа Покровское, иако непријателот беше активен и во правец на Лиман и Кураково“, пренесе Хина.

Трите наведени града се наоѓаат во регионот Доњецк, каде што во текот на денот се воделе 123 битки. Од нив, 41 се воделе само во областа на Покровск, а 19 напади имало кај Лиман и 17 кај Кураково, се додава во извештајот на Генералштабот на украинската војска.

Според Генералштабот, во околината на Покровск се одбиени 29 напади, но 12 битки се уште траат, а украинските сили прават се што можат за да ја стабилизираат ситуацијата и да спречат непријателот да навлезе на украинска територија.

Руското Министерство за одбрана извести дека во оваа област е заземено селото Сокол.

Украинската војска соопшти дека повеќе од 180 руски војници биле убиени во областа Покровск. Покрај тоа, уништени се и неколку руски воени возила, но оваа информација не може да се потврди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.