Жена во Иран е осудена на смрт поради прељуба. Таа согласно иранските закони има право на жалба на казната.
Смртната казна за прељуба се извршува со каменување. Осудената жена минатата година била пријавена од сопругот во полиција дека таа има афери со други мажи. Тој како доказ доставил снимки од надзорните камери во нивниот дом.
Во 2017 година, една жена беше осудена на смрт во Иран за прељуба, но никогаш не беше објавено дали казната е извршена. Меѓу кривичните дела кои се казнуваат со смрт во земјава се прељуба, убиство, силување, вооружени грабежи, киднапирање и трговијата со дрога.
Минатата година двајца хомосексуалци беа егзекутирани откако беа прогласени за виновни за содомија.
Иран е под меѓународен притисок поради неговата широка употреба на смртната казна. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш пред два дена изјави дека во Иран се егзекутираат луѓе „со алармантна брзина“. Во првите седум месеци од годинава најмалку 419 лица се осудени на смрт, што е за 30 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.