Голема трагедија го потресе светот. 22-годишен американски државјанин Вили Џозеф Кансел е убиен во војната во Украина.

Тој се борел од страната на Украина. Американскиот државјанин претходно работел во приватна компанија, а во Украина заминал како дел од својата работа.

Компанијата го испратила во Украина, а тој земал плата додека се борел таму, изјавила за Си-Ен-Ен мајката на Кансел, Ребека Кабрера. Започнал да работи во компанијата непосредно пред избувнувањето на војната во Украина. Кога започнала војната, компанијата барала луѓе да одат во Украина и тој се пријавил.

– Тој сакаше да замине затоа што веруваше во она за што се бореше Украина и сакаше да се задржи таму и дека нашите американски војници нема да бидат вклучени во таа војна, изјавила Кабрера за Си-Ен-Ен. .

Таа додаде дека тој пристигнал во Украина на 12 или 13 март. Додава дека неговото тело се уште не е пронајдено, туку само добила известување за неговата смрт.

– Не го нашле телото. Се обиделе луѓето кои биле со него, рекла мајката и додала дека тоа било премногу опасно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.