Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала изутринава го потресе западниот дел на Панама.
Раздвижувањето на земјата е почувствувано во Херера, Бокас дел Торо, Верагуас и западна Панама, објави преку Твитер панамската Национална агенција за цивилна заштита.
Американскиот геолошки институт соопшти дека епицдентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на оддалеченост 62 километри од брегот на Тихиот Океан.
Засега нема информации за предизвикани штети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.