Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Германија. Се почувствувал на многу места од Ротенбург на запад до Плинген на истокот од земјата, јавуваат германските медиуми.
Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Балинген, Тибинген и Баден-Виртемберг. Според првичните податоци, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
Извор: MИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.