Земјите од БРИКС имаат повеќе од 20 отсто од светските резерви на злато, најмногу Русија и Кина, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на податоци на Светскиот совет за злато.

Во вториот квартал од 2024 година, вкупните светски резерви на злато изнесуваат 29,03 илјади тони, од кои 6,2 илјади тони или 21,4 отсто се регистрирани во земјите членки на организацијата БРИКС, според медиумот.

Русија има најмногу злато од сите земји на БРИКС, поточно 2,34 илјади тони, што претставува 8,1 отсто од сите светски резерви и 37,6 отсто од резервите на организацијата БРИКС.

На второ место е Кина, која има 2,26 илјади тони злато, односно 7,8 отсто од глобалните резерви и 36,4 отсто од резервите на БРИКС.

Индија, Саудиска Арабија, Бразил, Египет, Јужна Африка и Обединетите Арапски Емирати имаат помалку од три отсто од вкупните златни резерви во светот.

САД,  имаат најголеми резерви на злато, односно 8,1 илјади тони или речиси една третина од сите светски резерви. Следува Германија со 3,35 илјади тони и 11,6 отсто резерви, Италија со 2,45 илјади тони и 8,5 отсто резерви, Франција со 2,44 илјади тони и 8,4 отсто резерви, додека Русија е на петто место, наведува РИА Новости, пренесува Танјуг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.