Земји од ширум светот полека почнуваат да го повлекуваат своето злато од американските трезори, а Американците се загрижени поради тековното истекување на резервите на странско злато од магацините во САД.

Одлуката на Западот, кога воведе санкции кон Русија и ги замрзна средствата на Централната банка на Руската Федерација лоцирани во странство и јавно најавува дека планира да ги користи за свои цели, сериозно ги вознемири другите земји кои исто така го складираат своето злато во САД и Велика Британија.

Како што пишува списанието „Голд игл“ (Gold Eagle), трендот го потврдува тоа што го предвиделрускиот претседател, Владимир Путин, по замрзнувањето на руското злато – дека е забрзан процесот на повлекување на странските девизни и златни резерви од САД.

Од списанието додаваат дека властите во Вашингтон тоа го кријат од американскиот народ.

По одлуката на западните земји, официјална Москва постојано предупредуваше дека запленувањето на рускиот имот и приходи ќе има големи последици за Западот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.