Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Знам дека луѓето во САД или некој во Белата куќа вели дека би можеле да искористиме американските повеќенеменски ракетни системи за да ја нападнеме Русија. Видете, ние немаме планови да ја нападнеме Русија. Ние не сме заинтересирани за Руската Федерација и не се бориме за нивната територија, рече Зеленски во интервју за американската телевизија „Њузмакс“.

Тој посочи дека Украина не е подготвена да отстапи ниту еден дел од својата територија бидејќи во прашање е нејзината независност и суверенитет, пренесува Тасс.

Зеленски во интервјуто за „Њузмакс“ додаде дека, сепак, има проблеми околу одредени територии и оти може да се разговара за детали.

Неопходни се преговори за да се решат овие проблеми и предизвици преку дипломатски канали, рече Зеленски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.