Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е во Гранада, каде што учествува на самитот на кој учествуваат речиси 50 европски лидери и дека се надева на нови договори за зајакнување на воздушната одбрана на Украина.
„Клучно за нас, особено пред зимата, е зајакнувањето на воздушната одбрана и веќе имаме основа за нови договори со нашите партнери“, рече Зеленски на Телеграм.
Тој додаде дека тие договори сега ќе треба да бидат потврдени и „да стапат во сила“.
Во Гранада се одржува Самитот на европската политичка заедница на кој учествуваат претставници од 27 земји – членки на Европската унија и други земји, како Велика Британија, Турција, Украина, Швајцарија, како и од балканските држави
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.