Зеленски денес допатува во Букурешт, а на аеродромот на главниот град на Романија го пречекала романската министерка за надворешни работи Луминика Одобеску.

„Раководството на парламентот одлучи заедничкиот состанок, кој требаше да се одржи денес, првично свикан во чест на Володимир Зеленски, да не се одржи“, пренесува порталот Г4 медиа, повикувајќи се на извори во парламентот.

Како што беше претходно јавено, Зеленски во Букурешт ќе се сретне со претседателот на Романија Клаус Јоханис, како и со премиерот Маркел Чолаку.

Исто така во првично била планирана и средба на украинскиот претседател со пратеници од двата дома на парламентот.

Прес-службата на Јоханис соопшти дека на средбата со Зеленски ќе се разговара за „посебноста на билатералните односи меѓу земјите, нивниот потенцијал, како и низата проекти и теми од заеднички интерес“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.