Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека соработката меѓу Велика Британија, Полска и Украина добива нов формат.

Создаваме нов формат на политичка соработка во Европа меѓу Украина, Велика Британија и Полска – рече тој на денешната редовна седница на Врховната Рада.

Се очекува сооодветните договори да бидат зајакнати денеска при посетата на Киев на премиерите на Велика Британија и Полска, Борис Џонсон и Матеуш Моравјецки.

Зеленски, исто така, рече дека дипломатската поддршка за Украина е на највисоко ниво од 2014 година. Во исто време, тој додаде дека неговата земја „ја цени поддршката од сите, но се потпира само на себе“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.