Украина е подготвена да разговара за неутралноста и ненуклеарниот статус на земјата доколку добие безбедносни гаранции, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Безбедносните гаранции и неутралноста, ненуклеарниот статус на нашата држава. Подготвени сме да разговараме за тоа. Ова е многу важна точка“, рече Зеленски во интервју за руските медиуми преку видео повик.
Одлуката за неутрален статус на Украина треба да има гаранции од трета страна и да биде потврдена на референдум, објасни тој. Сепак, тој додаде дека нема да седне на преговарачка маса со Русија доколку се разговара за „демилитаризација“, еден вид „денацификација“, пренесува Ројтерс.
Зеленски рече и дека сака компромис со Русија за прашањето за Донбас.
Тој додаде дека прашањето за рускиот јазик е една од темите на преговорите. Договор со Русија е можен само доколку руските трупи се повлечат од Украина, рече Зеленски.
Зборувајќи со група руски новинари преку видео повик, Зеленски рече дека руската инвазија предизвикала уништување на градовите во кои се зборува руски, објави Ројтерс.
Украинскиот претседател нагласи дека штетата е поголема од руските војни во Чеченија.
Зеленски цело време разговараше со новинарите на руски јазик и откри дека Украина разговарала за употребата на овој јазик во Украина во преговорите со Русија. Но, тој истакнува дека Украина одбила да разговара за други руски барања, како што е демилитаризацијата на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.