Украинскиот претседател Володимир Зеленски свика итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана поради експлозијата на браната Нова Какховка, во јужна Украина, јави на Твитер секретарот на Советот Олексеј Данилов, цитиран од британските медиуми.

Руското уривање на ѕидот од браната Нова Какховка е екоцид, но националните и регионалните власти работат на обезбедување на безбедноста на локалните жители“, напиша на социјалната мрежа Телеграм шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андриј Јермак.

Тој додаде дека руските активности околу браната, исто така, претставуваат закана и за блиската нуклеарна централа Запорожје, без да наведе конкретни детали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.