Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на препораката на Европската комисија Украина да стане кандидат за членство во Европската Унија.

Зеленски на Твитер напиша дека со тоа ќе дојдат „поблиску до победата“. Тој ѝ се заблагодари на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен за „историската одлука“ и додаде дека очекува позитивен резултат од Комисијата следната недела.

Се очекува лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ да разговараат за препораката на Комисијата на самитот следната недела во Брисел.

Како што и се очекуваше, Европската комисија денеска предложи кандидатски статус за членство во Европската Унија за Украина, а претседателката на тоа тело Урсула фон дер Лаен порача дека тоа подразбира обврска на Украина да спроведе низа реформи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.