Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпуштил еден од командантите на вооружените сили на Украина, само еден месец по неговото назначување
Зеленски на почетокот на март најави кадровски промени во армијата. Притоа, го смени командантот на силите за поддршка на вооружените сили на Украина, Дмитри Герег, назначувајќи го Александар Јаковец на негово место.
Во таа оригода, Зеленски изјави дека сега „вистинските борбени команданти“ ќе се занимаваат со проблемите на украинската армија.
Сепак, деновиве указот за разрешување на Јаковец се појави на веб-страницата на Кабинетот на претседателот на Украина. Причините не се наведуваат, но се знае дека командирот е поставен за началник на управата на Државната специјална сообраќајна служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.